Prirodnopravnite pravci vo
postmodernata teorija (makedonski)
Vrsta: Nekategorisan rad | Broj strana: 20 | Nivo: Praven fakultet
ПРИРОДНОПРАВНИТЕ ТЕОРИИ ВО
ВРЕМЕТО НА МОДЕРНАТА (продолжение)
1.Вовед во предавањето
Продолжувајќи со квалитативно-хронолошкиот
(типови учења за правото во одредени општоприфатени класификации на временски
периоди наместо список на автори без разбирлив редослед) пристап кон
проучувањето на теориите за правото, Ве потсетуваме на општите карактеристики
на модерните варијанти на природноправните теории изложени во претходното
предавање како и на некои од позначајните претставници на овие теории
анализирани во истото предавње.
Во продолжение, следува анализа на тројца
филозофи коишто покрај заслугите за општата филозофија но и огромните меѓусебни
разлики на планот на теоретската филозофија, за филозофијата на правото имаат
еден заеднички именител - инаугурацијата на идејата за слободата и слободата
како највисока вредност на државата и правото во правната и политичката
филозофија. Истовремено, сите тие ја поврзуваат слободата со некое (свое) учење
за природното право и општествениот договор.
1.Baruch (Benedictus) de Spinoza (1632-1677)
1.1.Контекст на филозофијата на Спиноза
Прогоните на инквизицијата го принудило
семејството на Спиноза да ја напушти Португалија и да најде прибежиште во
Холандија којашто во тоа време била многу потолерантна кон различноста на
религиите и во која се населиле (особено во Амстердам) многу еврејски
семејства, од различни делови на Европа.
Но, новините во толкувањето на религијата од
страна на Спиноза биле премногу слободумни дури и за тогашна Холандија. Заради
ставовите кон религијата, Спиноза бил осуден на една од најстрогите можни казни
- екскомуникација од еврејската заедница во Амстердам. Тој преживеал дури и
обид за убиство. Живеел крајно скромно и осамено, напуштен дури и од
сопственото семејство. За живот заработувал со занаетчиска работа - брусење на
леќи.
При крајот на животот, кога неговата слава сепак
се пронела надалеку, ги одбивал понудите за универзитетска позиција надвор од
Холандија со образложение дека квалитетната посветеност на филозофијата и
подучувањето на младите не одат заедно.
1.2.Општа филозофија
Спиноза е значаен пред се на планот на општата
филозофија. Тој е:
- рационалист (основно својство на човекот е
умот и преку својот ум човекот може да ја осознае природата, општеството и
самиот себеси);
-детермнинист (во природата и светот владее
причинско-последична поврзаност и настаните се однапред предодредени. Слободата
се состои во однапред, преку разумот, осознаена нужност);
-пантеист (Бог и природата се едно исто).
Спиноза јасно ја одделил филозофијата од
теологијата. Според него, каузалноста (причинско-последичната поврзаност) е
основен закон како во материјалниот така и во духовниот свет.
Најзначајно дело на Спиноза е Етика. Делото се
сметало за толку опасно што е објавено дури по неговата смрт. Во Етика Спиноза
на нему својствен геометриски начин прво дава дефиниции и аксиоми, потоа по пат
на логичко мислење изведува тврдења а од така докажаните тврдења потоа дедуцира
нови тврдења. Всушност, клучен поим на ова дело е слободата бидејќи според
Спиноза самата филозофија во основа е учење за слободата. Човекот е дел од
природата. Човековата слобода се состои во спознавање на природата и во живот
во склад со така спознаените закони на природата. Слободата е спознаена
нужност.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!